МЗТ СКОПЈЕ

Тодоров: Сакам да играм повеќе со домашни кошаркари, но тие треба да научат да преземаат одговорност

Тренерот на МЗТ Скопје, Александар Тодоров цели да има колку што е можно повеќе Македонци во тимот, но вели дека е проблем моментот кога тие треба да преземат одговорност. 

МЗТ Скопје се подготвува за новата сезона во АБА лигата. Македонскиот шампион се врати од турнирот во Истанбул каде загуби од домаќинот Бујучекмече и од Цибона, а славеше над второлигашот Бакиркој баскет. Поголема шанса на освои натпревари добија македонски кошаркари.
 
„„Мојот концепт е да се игра со претежно домашни играчи во ростерот. По мојата прва прес-конференација, кога го преставив тој концепт, многумина познавачи на домашната кошарка ме советуваа дека тоа е пат во сигурен неуспех. Она што се виде во Турција е фактот дека домашните играчи во изминатите години биле само една бројка за пополнување на составите на своите екипи и затоа сега, кога од нив се бара да преземат одговорност, тоа ќе преставува еден голем проблем, барем до оној момент кога ќе успеат да ја надминат таа бариера“ - вели Тодоров во интервју за официјалниот сајт на МЗТ Скопје.
 
Турнирот во Истанбул беше добра можност да се согледаат недостатоците и да се работи на нив до почетокот од сезоната. 
 
„Сметам дека како за први натпревари покажавме дека имаме компетитивна екипа. Нормално, ги видовме и проблемите и предностите кои ќе ги имаме во предстојната сезона и тоа е нешто на кое ќе обрнеме внимание во тренинзите во наредниот период. Во секој случај, задоволен сум што можевме да одиграме контроли со два силни тима, на еден турнир организиран на високо ниво. Веќе добивме покана и следната година да бидеме дел од овој традиционален турнир, кој планираат од следното издание да го направат со шест екипи“.
 
„Имаме многу работа на тактички план, пред сѐ во одбраната, каде покажавме значителни недостатоци. Имавме проблем и во скокот и во напад и во одбрана, но факт е дека на центарската позиција игравме во една скратена ротација. Што се однесува до физичката подготовка, повеќе од задоволен сум од она што го прикажавме. Таму е очигледна одличната работа на нашиот нов кондиционен тренер Петар Баснарков“.

Фото: МЗТ Скопје

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе

Во САД и во многу европски земји, просечните плати стагнираат, и покрај тоа што многу од економиите закрепнаа од финансиската криза од 2008 година.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе