Поразот од Работнички може да донесе тренерска смена во МЗТ Скопје

Тодоров: Одговорноста за поразот е моја, утре ќе знаеме дали останувам тренер на МЗТ

Тренерот на МЗТ Скопје, Александар Тодоров ја превзема одговорноста за поразот во дербито против Работнички и најави можно заминување од клупата на шампионот. 

Работнички славеше во градското дерби против МЗТ Скопје кое вечерва се играше во „Јане Сандански“ и зададе нов удар на шампионот кој покрај лошите игри во АБА лигата, има проблеми и во домашното првенство каде веќе забележа три порази.
 
Тренерот Тодоров вели дека тој е виновникот за поразот и размислува за оставка.
 
„Загубивме меч кој речиси 35 минути го имавме под контрола. Во последната четвртина тотално запревме, ја загубивме и борбата под кошевите од тим кој не е ниту физички подобар од нас, ниту повисок. Дојдовме до точка кога веќе мора да се пресече. По поразите од Задар и Цибона се надевавме дека ќе го кренеме нивото на игра со новите засилувања, но веќе немаме оправдувања. Денеска бевме комплетни, но немавме напредок во играта, па одговорноста за поразот е моја. По утрешниот ден ќе знаеме дали ќе останам тренер на овој тим или не, не одлучувам јас самиот. Други тренери пред мене имале и помалку кредит, веќе го потрошив мојот“, изјави Тодоров.
 
Фото: МЗТ Скопје
 

Институциите пристапуваат кон барањата на информации од јавен карактер со одреден сомнеж.

повеќе

Во услови на партиска деполаризација на граѓаните, политичките елити во Македонија треба да пристапат кон помирување и ненасилно решавање на сите меѓусебни конфликти, за земјата да не се врати на патот на поделба.

повеќе

Помина веќе еден месец од објавувањето на документите на Викиликс на кои сите прочитавме дека Никола Димитров бил „заштитен извор на информации“ на САД. Засега, од обвинителството нема никаков одговор.

повеќе