Квалификации за ЕП 2021

Тодоров: Очекувана е одлуката на ФИБА мечевите да се играат во „балони“, но да почекаме, многу работи можат да се случат до ноември

Селекторото на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Тодоров вели дека за него очекувана е одлуката на ФИБА следните квалификациски мечеви да се играат на неутрален терен, сака само тоа да не биде во Естонија. 

Фото: КФСМ
ФИБА одлучи следните два квалификациски циклуси, ноемврискиот и февруарскиот да бидат спреведени во таканаречени „балони“, наместо да се патува на гостински терени.
 
Ќе биде одреден град за секоја група во кој ќе бидат одиграни мечевите. Тоа значи дека гостувањата кои треба да ги имавме во ноември во Италија и Естонија, како и мечевите од февруарскиот термин, ќе ги играме турнирски на едно место. Останува само да биде одредена локацијата.
 
Иако за многумина одлуката на ФИБА од пред неколку дена е изненадувачка, не поради начинот на играње, а заради самиот факт воопшто да се дозволи одигрување на ноемврискиот прозорец, за мене лично тоа е една сосема очекувана одлука. Секако, имајќи ги во предвид финансиските бенефити од овие прозорци, но и згуснатиот календар во втората половина на 2021, квалификации за Олимпијадата, Олимписките Игри, почеток на квалификации за СП 2023...“, вели селекторот Тодоров во изјава за Кошаркарската федерација на Македонија.
 
„Независно каде ќе се игра ‘балонот’, ризикот по здравјето на играчите и останатите членови на репрезентациите ќе биде голем. Впрочем гледаме насекаде безбројни одложувања на натпревари заради заразени играчи, а според сите најави, нè очекува уште пожесток бран со почетокот на есента“.
 
„Ако говориме за кошаркарскиот дел, сигурно е дека за нас е подобро средбите да се играат на неутрален терен. Иако, се разбира, возможно е организацијата на нашата група да биде доделена на Естонија, поради, барем засега, погодната епидемиолошка ситуација таму. Но сепак...“
 
„Во овој период многу работи се менуваат секојдневно. Затоа, треба да почекаме да видиме што ќе се случува во почетокот на ноември. Впрочем, кој знае да даде одговор што ќе се случува до ноември? Дали и какви забрани за патувања ќе има. Кога го говорам тоа не мислам само на патувањата на репрезентациите, туку, исто така, за организирање на пристигнувањето и заминувањето на репрезентативците кои настапуваат во странство“.

Легенда под Главна слика

Фото: КФСМ

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе