Квалификации за ЕП 2021

Тодоров: Мечот со Естонија не е клучен, со една победа не се оди на Европско првенство

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Александар Тодоров вели дека престојниот меч против Естонија не е клучен за пласман на ЕП, но мора да се добие. 

Македонија со меч против Естонија ги почнува квалификациите за Европското првенство. Дуелот со Естонците мора да се добие, иако е јасно дека победа против нив нема да значи многу доколку не се остварат уште неколку триумфи.
 
„Немаме тим кој може да постигне 90 поени, тие имаат, па ќе мора да ги сопреме. Тие се шутерска екипа исто како нас, процентите за три поени ќе бидат од големо влијание. Онаа екипа која сака да победи, ќе победи. Ако ја создадеме таа хемија, ќе успееме. Звучи како шаблон, да играме со срце. Имаме подготвено индивидуални видеа, знаеме кој на која позиција ќе игра, по колку минути ќе игра, кој ќе го понесе товарот. Освен тоа, успеавме да дојдеме до натпревари кои играа лани во Полска. Целиот процес на подготовка ќе биде подготовка на претпоставка, за мене предност е што овој прв натпревар ќе го играме дома а не на гостински терен. Мечот против Естонија не е клучен. И со една победа не може да се помине на Европско првенство, ни требаат две или три победи“, вели Тодоров.
 
Натпреварот меѓу Македонија и Естонија се игра на 20 февруари во салата „Борис Трајковски“, по овој меч гостуваме на Русија.
 
Фото: КФСМ

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе