Квалификации за ЕП 2021

Тодоров: Кога ќе дадете пет поени во една четвртина не заслужувате да победите

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Тодоров е разочаран од поразот против Естонија, но верува дека во Талин можеме да победиме со поубедлива разлика. 

Македонија лошо ги почна квалификациите за Евробаскетот, загубивме од Естонија на свој терен со девет поени разлика (81:72). Селекторот Тодоров е разочаран од денешното издание на неговите избраници, но верува дека ќе биде многу подобро во Талин.
 
Естонија ни е главен конкурент за пласман на Европското првенство, па голема е веројатноста дека ќе ни биде потребен подобар меѓусебен скор со нив.
 
„Кога ќе дадете пет поени во една четвртина не заслужувате да победите на ваков натпревар. Но начинот на кој се вративме во второто полувреме ми дава верба во оваа селекција. Сметам дека пред нас е период во кој ќе напредуваме, ќе бидеме попаметни и ќе играме многу подобро. Верувам во овие момци и убеден сум дека можеме да победиме во Талин со десет поени разлика. Ништо не е завршено, крајот е во февруари следната година“, вели Тодоров.
 
„Немаме играч што може да доминира во рекетот, принудени сме да играме со шутеви од далечина. Тоа е нашиот стил и ќе продолжиме така и во иднина. Кога велам дека Естонија ќе ја победиме во Талин со десет поени разлика, мислам дека тоа ќе биде меч со многу поени“.
 
„Криво ми е што по подолго време салата се наполни, а ние не успеавме да ги израдуваме нашите навивачи. Но ќе се бориме до самиот крај во овие квалификации, нема да се предадеме“.
 

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе