Квалификации за ЕП 2022

Тодоров: Димитријевиќ докажа дека е вистински патриот, тој ќе биде предводник на овој тим во наредните десетина години

Селекторот на Македонија, Александар Тодоров е разочаран што не успеавме да се пласираме на Европското првенство, но е горд на своите кошаркари. 

Македонија не ја оствари мисијата за пласман на Европското првенство, но покажа дека има штоф за во иднина.
 
„Мечот го загубивме во првото полувреме во кое му дозволивме на противникот многу отворени шутеви, дури и забивања. Потоа се обидовме да направиме нешто како вчера, но тоа не беше доволно, па се обидовме да го однесеме натпреварот во продолженија, но тие ја прочитаа нашата идеја и намерно почнаа да промашуваат слободни фрлања на крајот. Ние сме единствениот тим со две победи во овие квалификации кој не успеа да се пласира на Евробаскетот. Се разбира дека лично сум разочаран, но во исто време сум екстремно горд на оваа група на кошаркари“, вели Тодоров.
 
Димитријевиќ беше неизвесен за овој меч, но стисна заби и го одигра, па Тодоров имаше посебна благодараност за него.
 
„Благодарен сум на Димитријевиќ и на медицинскиот персонал кои го оспособија да игра на овој меч колку што е можно. Ова беше финале и немаше опција да не игра. Само играчите кои се вистински патриоти и кои ја сакаат својата земја можат да го направат тоа, тој го докажа тоа. Тој знае дека е играчот кој ќе треба да го води овој тим во наредните десетина години и повеќе и го даде најдоброто од себе иако играше со болка. Благодарен сум му на одлуката да го игра овој меч“.
 
 
 

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе