Квалификации за ЕП 2021

Тодоров: Ако не постоеше шанса да победиме немаше да одиме во Талин, ќе си останевме во Скопје

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Александар Тодоров ги прозва играчите на кои ќе смета за квалификацискиот турнир во Талин, подготовките почнаа. 

Тодоров вели дека ковид-19 му создава проблеми за нормално менаџирање на работите, но со проблеми се соочуваат сите селекции и нема жалење.
 
„Амбицијата кај нас секогаш постои, затоа што се игра за репрезентација и за еден циклус од шест натпревари во кои нема многу време за тактизирање. Она што нам ни се случува овие денови, сигурен сум дека го чувствуваат сите. Единствено нешто што е сигурно во моментов е несигурноста поради пандемијата. Првиот циклус во февруари имавме само еден здравствен проблем. Направивме еден список од 12 играчи со кои ќе тренираме во Скопје, а другите ќе ги чекаме во Талин. Ќе имаме конечна слика по последните тестови. Ова е тешка ситуација за планирање. Во 2020 година во Европа секој игра кошарка, нема слаба селекција“, вели селекторот Тодоров.
 
„Во која група и да бевме, со кого да се падневме, секој меч ќе беше тежок. Естонија ја има предноста кога е домаќин, но ние и така ќе моравме да одиме во Талин да победиме. И тие имаат свои проблеми, еднакво големи како нас. Во понеделник кога ќе допатуваме таму, кога ќе почнеме со тренинзи, ќе говориме поконкретно затоа што е втор меч. Италија има проблеми исто така, не знаеме со кои 12 ќе дојдат во Естонија. Кога ќе влеземе во тој „балон“ во Талин, секоја селекција ќе ги открие картите. Па и ние ќе ги дознаеме своите адути и ќе може да планираме нешто повеќе како тактика и скаутинг за противниците“.
 
„Ако не постоеше шанса да победиме, немаше да патуваме за Талин, туку ќе останевме во Скопје и секој ќе си играше домашна лига. Сите се соочуваме со ковид-проблеми, ФИБА оцени дека мора да се игра, така што ќе одиме да се надигруваме“.
 

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе