НБА

Тежок шут за два, забивање преку двајца и тројка, неверојатниот Дончиќ сам ја победи Минесота (ВИДЕО)

Далас забележа нова победа, Лука Дончиќ со серија од седум поени во завршните 90 секунди од мечот ја реши Минесота и донесе триумф за „Маверикс" од 115-119.

Словенецот одново беше херој на Далас и го предводеше својот тим до триумф на гостувањето кај Минесота. Лука Дончиќ имаше неверојатни 90 секунди во кој постигна седум поени и донесе победа од 115-119.

Во моментите кога се кршеше резултатот, тој најпрво погоди тежок шут за два, потоа заби преку двајца за да го скрши противникот со шут за тројка.

Лука Дончиќ мечот го заврши со 29 поени, а придодаде и уште 12 асистенции и 8 скокови.

Ноќта во НБА ја одбележа и Џејмс Харден. „Брадата“ испиша историја и стана првиот играч кој забележал трипл-дабл учинок со 40 поени за помалку од 30 минути поминати на паркетот.

НБА резултати:

Филаделфија - Атланта 121:123
Вашингтон - Милвоки 113:106
Њујорк - Индијана 106:121
Торонто - Бруклин 122:105
Хјустон - Кливленд 141:113
Минесота - Далас 115:119
Портланд - Шарлот 127:96
Јута - ЛА Лејкерс 113:95
Голден Стејт - Чикаго 146:109

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе