НБА

Тежок пораз на Далас и Дончиќ од Атланта, шоу на Кари против Клиперс (ВИДЕО)

Атланта полесно од очекувањата дојде до триумф над Далас откако го победи со 113-87, Стеф Кари со 45 поени го предводеше Голден стејт до победа над ЛА Клиперс од 115-113. 

Далас бележеше одлични резултати во подготовките, па сите очекуваа многу подобро издание од нив кај Атланта, но им се случи дебакл, пораз од 26 поени разлика.
 
Атланта ги доби сите четири четвртини, во последниот период во еден момент имаше и 30 поени разлика.
 
Лука Дончиќ беше најдобар во составот на Далас со 18 поени, имаше и 11 скокови. Најефикасен кај Атланта беше Редиш со 20 поени, но најдобар беше Јанг кој постигна 19 поени, имаше и 14 асистенции.
 
 
Стеф Кари имаше маестрална партија против Лос Анџелес Клиперс и му донесе победа на својот тим од 115:113. Ова беше втора победа за Голден стејт, по воведниот триумф над ЛА Лејкерс.
 
Особено луда беше првата четвртина во која Кари не промаши а постигна неверојатни 25 поени, имаше шут 9 од 9, 5 од 5 за три поени.
 
Кари постигна вкупно 45 поени, имаше и 10 скокови, најдобар кај Клиперс беше Пол Џорџ со 29 поени.
 
 
Резултати:
 
Атланта - Далас 113:87
Мајами - Милвоки 137:95
Голден стејт - ЛА Клиперс 115:113

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе