АБА 2 лига

Тесна победа на МЗТ Скопје над Ловќен

МЗТ Скопје ја прекина серијата порази во АБА 2 лигата, но едвај го победи Ловќен во Скопје, триумфираше со 75:74 и на третото место на табелата го заврши регуларниот дел. 

МЗТ Скопје се намачи за да дојде до триумф над Ловќен. Натпреварот беше неизвесен во целиот тек. Македонскиот тим добро го почна мечот, имаше предност и од 11 разлика, но гостите брзо се вратија и го свртеа резултатот во нивна полза.
 
Во финишот по голема борба во последната четвртина МЗТ Скопје успеа да дојде до триумф од 75:74 кој може да значи враќање на самодовербата.
 
Дамјан Стојановски со 17 поени беше најефикасен кај МЗТ Скопје, Магдевски и Милошевиќ постигнаа по 15.
 
Поради лошата серија во последните натпревари МЗТ Скопје ја загуби предноста која ја носеше второто место. Нашиот тим ќе игра против Сплит, прво во гости, тој дуел се игра веќе во среда, реваншот е на 22 март. Евентуалната мајсторка ќе се игра на 26 март во Сплит.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе