КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕВРОБАСКЕТ

Тешка победа над Луксембург за задржување на сонот за настап на ЕП

Македонската кошаркарска репрезентација избегна бламажа и славеше со 82-74 на гостувањето кај Луксембург за да ги задржи шансите за пласман на Европското првенство

Избраниците на Раца се намачија против аутсајдерот Луксембург, и во последната четвртина се спасуваа од срамен пораз.

По изедначена игра на стартот, со серија од 7-2 во завршните минути од првата четвртина, Македонија го доби овој период од мечот со 21-13.

„Црвено-жолтите" продолжија во исто темпо и во втората четвртина, ја добија со 27-21 и на полувреме заминаа со предност од 14 поени (48-34).

Но во третата четвртина нашите кошаркари имаа голем пад во играта, домаќините влегоа во ритам, постигнаа 31 поени, и не само што ја анулираа предноста на Македонија, дури и поведоа со 1 поен.

Во завршните 10 минути, „Црвено-жолтите" одново го подигнаа нивото на игра и со серија од 8-0 обезбедија сигурна предност од 80-71, која се покажа како решавачка. Конечниот резултат беше 82-74.

Александар Костоски со 20 поени, 9 скока и 7 асистенции беше најдобар поединец во нашите редови.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе