Уште не ја почнале сезоната, кошаркарите на Чикаго се степаа

Тепачка на тренинг на Чикаго, Миротиќ префрлен во болница

Никола Миротиќ со фрактури на лицето бил префрлен во болница по тепачка на тренинг со неговиот соиграч Боби Портис.

Според „ЕСПН“, играчите прво почнале да се навредуваат еден со друг, па потоа се случила тепачката во која подебелиот крај го извлекол Миротиќ. Портис со неколку бокса го погодил Миротиќ во главата кој паднал на подот и лежел неколку минути пред да стане.
 
Потоа веднаш бил префрлен во болница каде што треба да му биде извршена и хирушка интервенција.
 
Се очекува играчите да добијат санкции од клубот, сведок на настанот бил и генералниот менаџер на Чикаго, Гар Форман.
 
26-годишниот Миротиќ минатата сезона имаше во просек 10,6 поени и 5,5 скока по натпревар и се очекуваше да биде стартер за Чикаго оваа сезона. Тој потпиша двегодишен договор со Булс за 12,5 милиони долари.
 
22-годишниот Портис лани имаше во просек 6,8 поени и 4,6 скока по натпревар и е во директна битка со Миротиќ за стартна позиција во тимот.

Промовирање на родителското отсуство и за таткото на детето кое како опција постои во Законот за работните односи, но само ако не го користи работничката.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе

Зоран Заев од позиција на премиер удира во самите темели на асномска, антифашистичка Македонија.

повеќе