Пех за српскиот кошаркар

Теодосиќ се повреди, на раце беше изнесен од теренот (ВИДЕО)

Српскиот кошаркар, Милош Теодосиќ уште на вториот меч во НБА доживеа непријатен момент откако заработи повреда на стапалото на дуелот помеѓу Клиперс и Феникс по што на раце беше изнесен од теренот.

Пред крајот на втората четвртина од натпреварот помеѓу Клиперс и Феникс, Тедосиќ во желба да дојде до една топка, при доскокот стапна на ногата на Девик Букер и падна на паркетот.
 
Со помош на еден соиграч и докторот, беше изнесен на теренот па веднаш бил пренесен во болница каде било констатирано дека нема скршеница.
 
Во текот на денот Теодосиќ ќе биде подложен на магнетна резонанца по што ќе се утврди тежината на повредата.
 
Лос Анџелес Клиперс го доби мечот против Феникс со 130:88. За десет минути поминати на теренот, Теодосиќ имаше учинок од пет поени и две асистенции.
 

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе