НБА

Тејтум испиша историја, Букер за помалку од 31 минута даде 51 поен (ВИДЕО)

Бостон ја продолжи победничката серија откако со 134:121 го совлада Мајами, Тејтум со 49 поени беше главен на теренот, но синоќа некој друг даде повеќе поени од него, Девин Букер постигна 51 поен во триумфот на Феникс од 132-113 над Чикаго. 

Бостон ја оствари 14. победа во последните 15 натпревари откако со 134-121 го совлада Мајами, а ѕвезда на вечерта беше Џејсон Тејтум кој постигна 49 поени и имаше 11 скокови.
 
 
Џејсон Тејтум стана првиот играч во историјата на НБА кој на повеќе натпревари имал учинок од 45+ поени, 10+ скокови и 8+ тројки.
Вечерта поефикасен од него беше Девин Букер кој постигна 51 поен во победата на Феникс над Чикаго од 132-113.
 
 
Овие 51 поен тој ги постигна за помалку од 31 минута, на паркетот беше вкупно 30 минути и 40 секунди. Букер стана само вториот играч на Феникс санс кој на еден меч постигнал 50+ поени, 5+ асистенции и 5+ тројки.
Резултати:
 
Кливленд - Филаделфија 113:85
Орландо - Атланта 108:125
Бостон - Мајами 134:121
Бруклин - Вашингтон 113:107
Њујорк - Милвоки 103:109
Минесота - Мемфис 109:101
Њу Орлеанс - Торонто 126:108
Оклахома - Сан Антонио 119:111
Денвер - Хјустон 120:100
Феникс - Чикаго 132:113
Јута - ЛА Клиперс 125:112
Сакраменто - Индијана 137:114
ЛА Лејкерс - Портланд 128:109

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе