НА Ол-стар натпреварот „Ѕвездите во подем“

„Светот“ со лекција за „САД“, Богдановиќ прогласен за МВП (ВИДЕО)

На отварањето на Ол-стар викендот во Лос Анџелес, тимот на Светот му одржа лекција на тимот на САД, Богдан Богдановиќ од Србија беше избран за МВП

По трет пат во четири години откако беше креиран овој нов формат, „Светот“ слави над „САД“ во натпреварот „Ѕвездите во подем“. Предводен од Богдан Богдановиќ, тимот на Светот му одржа лекција на тимот на САД и триумфираше со 155-124.

Тимот на „Светот“ водеше од почетокот до крајот, најсилно оружје му беше шутот за три (41% реализација со 23 од 56).

МВП на средбата беше Богдан Богдановиќ. Србинот мечот го заврши со 26 поени, од кои седум тројки, а забележа и шест асистенции и четири скокови. Неговиот соиграч од Сакраменто, Бади Хилд постигна 29 поени и се обиде да му го украде приматот најкорисен играч, но не успеа.

Прв стрелац на мечот беше Џејлен Браун од тимот на „САД“, кој реализираше 35 поени.

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе

Како може да се надминат исклучивите и националистички толкувања на минатото: што работат комисиите?

повеќе