Втора АБА лига

Сутјеска му го нанесе првиот пораз на МЗТ во втората АБА лига оваа сезона

МЗТ Скопје го доживеа првиот пораз во втората АБА лига оваа сезона, шампионот на Македонија загуби на гостувањето кај Сутјеска со 85-70.

„Штрковите“ одлично ја започнаа авантурата во регионалното кошаркарско натпреварување со четири победи на исто толку натпревари, но вечерва го доживеаја првиот пораз.

МЗТ Скопје загуби на гостувањето кај Сутјеска, избраниците на Кочов имаа многу падови во играта и на крајот резултатот на семафорот гласеше 85-70.

Шампионот на Македонија беше сосема солиден во првата четвртина која ја доби со 18-20, но беше катастрофален во вторите десет минути и на стартот од третиот период. Сутјеска најпрво со серија од 10-0 се одлепи на плус осум 32-24, а потоа имаше нова серија од 12-0 за високи +16 (49-33).

Сино-белите не се предадоа, имаа неколку добри минути во финишот на третиот период и почетокот на последната четвртина и стигнаа до минус четири (60-56), но повторно влегоа во криза, снемаа енергија па Сутјеска брзо се одлепи и на крајот славеше со високи 15 поени предност.

Хиндс со 22 поени беше најдобар поединец во редовите на МЗТ Скопје, а двоцифрен ефект имаше само уште Дамјан Стојановски со 13 поени.

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе

Излегува дека само Македонците на овој свет се должни пред сè да се грижат за правата на сите други луѓе и на крајот да размислуваат (но само да размислуваат) за себе.

повеќе