НБА

Страотна повреда, центарот на Оклахома падна на глава, па на носилки беше изнесен од теренот (ВИДЕО)

На дуелот помеѓу Оклахома и Минесоата, домашниот играч Нерленс Ноел доживеа страотна повреда, центарот падна на глава и на носилки беше изнесен од теренот.

На средината од третата четвртина, Ноел се обиде да го блокира Вигинс, кој тргна на забивање. Центартот на Оклахома доби лакт во лицето, па неконтролирано падна на глава.  

Лекарските екипи неколку минути му укажуваа помош на паркетот, и потоа со носилки беше изнесен од теренот. По крајот на мечот, тренерот на Оклахома само кратко кажа дека играчот бил пренесен во болница, и во следниот период ќе се следи неговата здравстна состојба.

Повеќе информации ќе се знае во текот на денот или утре, но извори од болницата велат дека Ноел е свесен, ги препознал членовите на неговото семејство и разговарал со нив.

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе