НБА

Странците ги собраа наградите во НБА, Јанис е МВП а Дончиќ руки на сезоната

НБА утрово ги подели наградите за најдобрите во сезоната 2018/19, Јанис Адетокумбо е прогласен за МВП а Лука Дончиќ го доби признанието за руки на годината.

Во Лос Анџелес се собра елитата на НБА за да се прогласат најдобрите за изминатава сезона. Странците доминираа и ги добија главните награди.

Јанис Адетокумбо е МВП, Гркот го предводеше Милвоки до најдобар скор во лигата со просек од 27,7 поени, 12,9 скокови и 5,9 асистенции.

Лука Дончиќ пак беше избран за руки на сезоната, Словенецот имаше одлични настапи во дресот на Далас и собори неколку рекорди.

За најдобар тренер беше избран Мајк Буденхолцер откако стратегот го трансформираше Милвоки од тим од средината на табелата во претенден за највисок пласман.

По трет пат во својата кариера Лу Вилијамс е избран за најдобар шести играч, додека пак Руди Гобер втора сезона по ред е избран за најдобар дефанзивец.

Последното признание му припадна на Паскал Сиакам од Торонто, кој е прогласен за кошаркарот кој најмногу напредувал изминативе 12 месеци.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе