Прва лига

Стојановски со кош на секунда до крајот му донесе победа на МЗТ Скопје над Работнички

МЗТ Скопје со 92:90 го победи Работнички, Дамјан Стојановски е херојот на аеродромци, триумфот беше обезбеден со негови поени на една секунда до крајот на мечот. 

МЗТ Скопје го доби дербито против најголемиот ривал Работнички кое вечерва се играше пред празни трибини во „Јане Сандански“.
 
Натпреварот беше интересе, двете екипи се менуваа во водство, но финишот му припадна на домашниот тим.
 
МЗТ Скопје беше подобар во воведните десет минути, во нив имаа предност и од шест поени разлика, но во вториот период влегоа со само поен предност 22:21. Работнички одигра одлично во втората четвртина во која постигна дури 33 поени, го сврте мечот и на одморот замина со предност од девет разлика, 55:46.
 
Металците имаа одличен почеток и на третата четвртина, брзо го вратија водството, но Работнички повторно дојде до предност. Неизвесно беше во последните моменти. При резултат 90:90, Дамјан Стојановски постигна кош кој значеше победа од 92:90. Екипата од Градски парк имаше нешто повеќе од секунда до крајот за напад, но не успеа ниту да изведе, поминаа предвидените секунди во кои топката требаше да биде уфрлена и таа им припадна на домаќините.
 
Дамјан Стојановски со 23 поени и кош во последните секунди беше херојот на МЗТ Скопје, Маслинко постигна 16, Харис 12 поени. Во составот на Работнички Питс постигна 21 поен, Балмазовиќ 15.
 
Фото: КФСМ

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе