Чикаго Булс

Стив Кер: Тони Кукоч мораше да биде на постерот за „Последниот танц“

Тренерт на Голден стејт, Стив Кер кој е дел од незаборавната генерација на Чикаго Булс, вели дека му е срам што тој е на постерот а го нема Тони Кукоч. 

Минатиот викенд излегоа првите две епизоди од документарната серија „Последниот танц“ посветена на Мајкл Џордан и Чикаго Булс. На најавниот постер покрај Џордан се уште и Скоти Пипен, Денис Родман, Стив Кер и тренерот Фил Џексон.
 
На многумина им падна во очи тоа што на постерот го нема Тони Кукоч кој имаше значително влијание во тимот. 
 
Стив Кер кој се најде на постерот, разбира зошто тој е ставен, бидејќи луѓето го препознаваат по тоа што сега е тренер на Голден стејт, но вели дека морало да има место и за Тони Кукоч.
 
„Можам да речам дека сум посрамотен, ги гледам рекламните материјали за „Последниот танц“, овие промо постери. И на нив е Мајкл, Скоти, Денис, Фил... и јас. И ја разбирам причината поради која сум ставен јас, тоа е дека сум познат бидејќи сум тренер на Голден стејт па луѓето ме разбираа, а можеби не би го познале Тони Кукоч или Лук Лонгли или Рон Харпер... можеби нивните лица не им значат многу на младите генерации бидејќи ова се случуваше пред 22 години, но навистина на постерот требаше да биде Тони, на таа фотографија мораше да биде тој бидејќи беше навистина неверојатен играч“, вели Стив Кер.
 

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе