Лука продолжува да „гази“ во изборот на фановите

Стигнаа вторите резултати од гласањето за Ол-стар, Дончиќ има повеќе гласови од Кари, Харден, Дурант...

НБА ја објави новата листа со гласови за Ол-стар мечот во Шарлот, Лука Дончиќ се уште е при врвот и има повеќе гласови од ѕвезди како Стеф Кари, Џејмс Харден и Кевин Дурант.

Кошаркарската јавност во САД имаше многу прашалници за словенечкото „чудо од дете“ и дали Лука Дончиќ ќе може да се прилагоди во НБА. 19 годишниот кошаркар на најдобар можен начин им одговори, со фантастични партии ги освојува симпатиите и испушува рекорди.

Па сосема очекувано, многумина сакаат да го видат Лука Дончиќ на Ол-стар натпреварот кој ќе се одигра во Шарлот следниот месец.

НБА вечерва ги објави вторите резултати од гласањето на фановите, и Лука Дончиќ продолжува да „гази“ со нешто над 2,2 милиони гласови. Словенецот има повеќе гласови од ѕвезди како Стеф Кари, Џејмс Харден и Кевин Дурант.

Повеќе гласови од него на Западот има само Леброн Џејмс, кој е прв на списокот со нешто на 2,7 милиони гласови. Доколку во предвид се земе и Истокот, уште двајца кошаркари котираат подобро, Јанис со над 2,6 милиони гласови и Кајри Ирвинг со над 2,3 милиони гласови.

На 24. јануари ќе бидат објавени капитените и стартерите, а една недела подоцна и резервите.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе