Евробаскет 2022

Србија со убедлива победа над Холандија го почна Евробаскетот (ВИДЕО)

Главниот фаворит на Европското првенство, селекцијата на Србија со убедлива победа од 100-76 го почна настапот на континенталниот кошаркарски собир. 

Како што и се очекуваше, кошаркарите на Србија не се испотија многу за да дојдат до триумф, тие со 24 поени разлика ја совладаа селекцијата на Холандија.
 
Никола Јокиќ со 19 поени беше најефикасен во селекцијата на Србија, Маринковиќ постигна 18, Мициќ имаше 15 поени и 12 асистенции. Кај Холандија убедливо најдобар беше Де Јонг со 28 поени.
 
Претходно селекцијата на Италија со 83-62 беше подобра од Естонија, а Полска направи мало изненадување откако со 99-84 ја победи Чешка.

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе