Србија доминираше во сите четвртини, уште по првите десет минути направи 14 поени предност и до крајот само рутински го доби мечот.
Никола Јокиќ со 19 поени беше најефикасен кај Србија, Милутинов постигна 16, во составот на Полска Мичалак реализираше 17.
Во другите денешни мечеви, Хрватска со 90-85 ја совлада Украина. Богдановиќ со 27 поени беше најдобар во хрватската селекција.
Грција со убедливи 90-69 беше подобра од Естонија, Јанис Адетокумбо реализираше 25 поени.
Италија со 90-56 беше подобра од Велика Британија, Финска со 88-67 ја победи Холандија, а Чешка со 88-77 го совлада Израел.
Познати се сите осминафинални двојки:
Германија - Црна Гора
Грција - Чешка
Шпанија - Литванија
Финска - Хрватска
Словенија - Белгија
Украина - Полска
Турција - Франција
Србија - Италија