ЕВРОБАСКЕТ

Србија последен патник во полуфиналето на Евробаскетот

Србија предводена од Богдан Богдановиќ стигна до убедлива победа над Италија од 67-83 и обезбеди дуел со Русија во полуфиналето на Евробаскетот

Познат е последниот патник во полуфиналето на Евробаскетот, Србија се пласираше помеѓу четирите најдобри репрезентации на стариот континент.

Нашиот северен сосед лошо го почна натпреварот, не успеа да постигне кош неколку минути а Италија поведе со 5-0.

Но избраниците на Ѓорѓевиќ потоа влегоа во ритам, и до крајот на првата четвртина поведоа со 17-18.

Во продолжение од средбата, Србија постојано беше во предност, водството често беше и двоцифрено, за конечниот резултат да гласи 67-83.

Во редовите на Србија прв играч беше Богдан Богдановиќ со 22 поени, шест скока и четири асистенции. Кај Италија, Бенели постигна 18 поени, а Датоме 15.

Полуфинале на Евробаскетот:

Шпанија - Словенија
Русија – Србија 

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе