Светско првенство 2019

Србија моќно на отварањето на СП, „ја растури“ Ангола со 46 поени разлика (ВИДЕО)

Во премиерниот натпревар на Светското првенство во кошарка, Србија со фуриозна игра триумфираше над Ангола со високи 105-59.

Утрово стартуваше Светското првенство во кошарка во Кина. На премиерниот натпревар, Србија со фуриозна игра триумфираше над Ангола со 46 поени разлика.

Избраниците на  Ѓорѓевиќ брзо покажаа кој е кој на овој меч. Откако во првите неколку минити се играше кош за кош, Србија потоа почна да диктира темпо и првата четвртинаја реши во своја корист со 20-29.

Во продолжението од мечот, предноста само се зголемуваше, на паузата изнесуваше 18 поени (32-50). Србија во третиот период продолжи во исто темпо, овој период го реши во своја корист со 15-28, а последната четвртина беше само рутина за висока победа од 59-105.

Богдан Богдановиќ со 24 поени беше прв стрелец во редовите на Србија, Јокиќ и Милутинов мечот го завршија со по 14 поени.

 

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе