Мундобаскет 2019

Србија лесно се справи и со Италија за три од три во Групата Д

Србија го имаше првиот посериозен тест на Мундобаскетот, денеска ги одмери силите со Италија но на крајот без многу проблеми славеше со 92-77.

Три од три за Србија во Групата Д, избраниците на Ѓорѓевиќ попладнево ја совладаа и Италија. „Аѕурите“ беа првиот посериозен тест на Мундобаскетот, но нашиот северен сосед покажа дека има широк и квалитетен ростер па на крајот лесно славеше со 15 поени разлика.

Србија беше во водсво практично цел меч, Италија се закани во третиот период кога дојде само на минус два и имаше напад за егал или водство, но потоа „орлите“ го подигнаа темпото, за кратко се одлепија на двоцифрена предност а во еден период имаа и највиски +23 (67-90) за конечниот резултат на семафорот да гласи 77-92.

Богдан Богдановиќ беше прв играч во редовите на Србија со шест погодени тројки и 31 поен. Никола Јокиќ го заврши натпреварот со 15 поени, а двоцифрени уште беа и Радуљица со 12 поени и Јовиќ со 11 поени.

Во репрезентацијата на Италија, најдобар поединец беше Галинари со 26 поени.

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе