Изненадувачка одлука

Србија ќе биде без Теодосиќ на Европското првенство, одлука на селекторот

Селекторот на српската кошаркарска репрезентација, Светислав Пешиќ одлучи да го пречкрта Милош Теодосиќ од списокот на играчи кои ќе настапат на Европското првенство. 

Теодосиќ важи за еден од лидерите во репрезентацијата на Србија, па одлуката на Пешиќ да игра без него е изненадување за српските медиуми.
 
Тој нема да смета на Теодосиќ и за престојните квалификациските натпревари за СП против Грција и Турција, кои се играат во пресрет на Евробаскетот.
 
Теодосиќ за репрезентацијата на Србија дебитираше во 2007 година, цели 15 години настапува за националниот тим, пропушти два Евробаскета во 2013 и 2017, како и еден Мундобаскет во 2019 поради повреди.
 

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе