Мундобаскет 2019

Србија ја отвори втората фаза со ново одлично издание и го „прегази“ Порторико со 43 поени разлика

Србија продолжува со извонредните партии на Светското првенство, избраниците на Ѓорѓевиќ утрово го „прегазија" Порторико со високи 90-47.

Денеска на Мундобаскетот во Кина започна втората фаза, а на отварањето, Србија доминираше на уште еден меч и го совлада Порторико со високи 43 поени разлика.

„Орлите“, кои сега и според клаидилниците се фаворит број 1 за златото, уште од самиот почеток наметнаа темпо, на пауза замина со позитива од 23 поени, а предноста само се зголемуваше во продолжението од мечот за конечниот резултат да гласи 90-47.

Најдобриот поединец на Србија во Кина, Богдан Богдановиќ имаше тивок натпревар и постигна само 5 поени, но затоа пак други пет играчи имаа двоцифрен учинок.

Бјелица беше прв стрелец со 18 поени, Јокиќ имаше дабл-дабл учинок од 14 поени и 10 скокови за нешто над 16 милинути поминати на паркетот. Солидна партија пружи и Марјановиќ, кој мечот го заврши со 16 поени.

Полска го задржа 100% учинок и ја забележа четвртата победа откако со пресврт во финишот ја доби пресметката со Русија и славеше со 79-74.

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе