Европско првенство за кошаркари до 18 години

Совладана и Грузија, три од три за Македонија на ЕП во Романија

Репрезентацијата на Македонија за кошаркари до 18 години забележа уште една победа на Европското првенство - Б дивизија што се одржува во Романија, вечерва е совладана Грузија со 87-79.

Избраниците на Тони Симиќ продолжуваат со одличнтие игри во Орадеа и стигнаа до третата победа на исто толку натпревари. Вечерва Македонија триумфираше над Грузија со 87-79 и се наоѓа на чекор до четвртфинале, со оглед на тоа дека во последните две кола „црвено-жолтите“ ќе играат против Данска и Словачка, селекции кои важат за аутсајдери во групата. 

Репрезентацијата на Македонија за кошаркари до 18 години денеска практично доминираше на целиот натпревар, но мал пад на концентрацијата на средината од последната четвртина овозможи Грузија да се врати од -12, да фати резултатски приклучок и да изедначи на 77-77. 

Сепак, нашите кошаркари брзо одговорија со две тројки, најпрво Андреј Јакимовски реализираше од далечина, а потоа истото го стори и Виктор Исајлоски и тука беше скршен противникот. На крајот, резултатот на семафорот гласеше 87-79. 

Андреј Јакимовски со 33 поени беше прв играч на мечот, Андреј Андоноски реализираше 16 поени, Виктор Исајлоски 15 поени а двоцифрен беше и Павел Данаиловски со 10 поени. 

Во редовите на Грузија, најдобар поединец беше Лаша Микеладзе со 20 поени.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе