НЕ МОЖЕА ДА ЈА НАДОПОЛНАТ НЕГАТИВАТА ОД СКОПЈЕ

Соколите со победа во Талин се простија од Лигата на шампионите

Кошаркарите на Карпош Соколи со 81:78 го победија Калев но тоа не беше доволно за пласман во следната рунда од Лигата на шампионите.

Киксот во Скопје ги чинеше елиминација, Карпош Соколи победи во Естонија но не успеа да ја надополни негативата од првиот меч одигран на свој терен.
 
Во Скопје, Соколи загуби со 87:79, триумфот од три коша разлика во Естонија беше недоволен, Калев оди понатаму и покрај поразот.
 
На овој меч дури четворица кошаркари на Соколи имаа двоцифрен број на поени, Браун постигна 19, Соколов, Николовски и Мекфејден по 16. Во тимот на Калев, Мирковиќ постигна 17 поени.
 
Ова е крај на настапот на Соколи во Лигата на шампионите, но не и во Европа, тие продолжуваат во квалификациите за Евро купот.

Без оглед дали сте поддржувач или противник на претходната власт, не можете да оспорите дека таа постави сосема нови стандарди во поглед на мерките, напорите и вложувањата за да се привлечат странски инвестиции, за наши услови. 

повеќе

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе