ФИБА Еврокуп

„Соколите“ немоќни во Унгарија, Солнок славеше со високи 21 поен разлика

Во своето деби во групната фаза од ФИБА Еврокупот, Карпош Соколи доживеа висок пораз на гостувањето во Унгарија, Солнок славеше со 94-73

„Соколите“ авантурата наречена ФИБА Еврокуп ја започнаа со висок пораз на гостувањето кај Солнок.

Избраниците на Борче Даскаловски беа рамноправен противник само во воведните пет минути, потоа домаќините направија серија од 9-0, поведоа со 21-11, и цврсто зачекорија кон победа.

Работата дополнително им беше олеснета во третата четвртина кога Лабовиќ беше исклучен, па со рутинска игра и целосна контрола над резултатот, Солнок на крајот славеше со 94-73.

Во редовите на Карпош Соколи, Мекфејден со 15 поени беше најефикасен, Браун постигна 13, а Николовски и Ѓуровски забележаа по 11.

Поранешниот плејмејкер на „Соколите“, Пери беше прв стрелец кај Солнок со 16 поени.

Албанците сакаат да се поврзат со Илирите, Бугарите со Траките, а според нашите политичари и гласните негатори само ние немаме такво право, а за тоа има најмногу доказателства во македонскиот јазик, но и во фолклорот, носиите, архитектурата, музиката...

повеќе

Мухамед Али Џина ѝ приговараше на соседната земја зошто се нарекува себеси Индија, а не Хиндустан.

повеќе

Откочувањето на политичките кризи со помош на форматот на лидерските средби не е најдобриот начин, но засега е најуспешниот за излез од повремената политичка кратковидост.

повеќе