Шампионот ранет уште на стартот

Соколите го победија МЗТ Скопје во „Јане Сандански“

Дербито во првото коло од првата македонска лига помеѓу МЗТ Скопје и Карпош Соколи го добија гостите со 85:83. 

Македонскиот шампион не го стартуваше домашното првенство онака како што посакува откако во првото коло загуби од најголемиот конкурент Карпош Соколи и тоа на негов терен.
 
Карпош Соколи одигра фантастично прво полувреме кое го доби со 47:33, предност од 14 разлика која МЗТ Скопје не успеа да ја стигне. Аеродромци се разбудија дури во последната четвртина но на крајот успеаа само да го намалат поразот на три разлика.
 
Најефикасен во тимот на Карпош Соколи беше Соколов со 19 поени, Чомагиќ постигна 16, Браун поен помалку. Во составот на МЗТ Скопје, расположен беше Бојан Трајковски со 34 поени и осум скокови, но тој не беше доволен за да се избегне пораз.
 
РЕЗУЛТАТИ ПРВО КОЛО ПЛМ
 
Куманово 2009 - Работнички 88 - 91
Струмица - АВ Охрид 76 - 90
Кожув - Блокотехна 56 - 99
Пелистер - Шкупи 80 - 73
Фени Индустри - Гостивар 92 - 96
МЗТ Скопје - Аеродром 83-85
 
Фото: МЗТ Скопје

Дипломатијата е уметност невозможното да го направите возможно (Ш.-М. Талеиран).

повеќе

Односите меѓу Грција и Македонија се на клучна точка, вели Катимерини и со ѕвездички дообјаснува дека употребата на терминот „Македонија“ е на авторот и дека не го одразува ставот на весникот. Сепак се чини ова е првпат грчкиот весник да нè напише со уставното име.

повеќе

И ако граѓаните или Владата очекуваа дека Јункер на Заев ќе му даде покана со датум за влез на Македонија во ЕУ, тогаш живееме во илузии.

повеќе