ЕВРОБАСКЕТ 2017

Словенија ја победи Летонија во спектакуларен меч и закажа полуфинале со Шпанија

Во натпревар со дури 200 поени Словенија со 103:97 ја победи одличната Летонија и се пласира меѓу најдобрите четири на Евробаскетот каде што ќе игра против Шпанија.

И при формирањето на четвртфиналните двојки најголема неизвесност се очекуваше на мечот помеѓу Словенија и Летонија, двете селекции одиграа фантастичен меч со голема ефикасност.
 
Словенија стартуваше фуриозно, постигна 34 во првата четвртина која ја доби со 34:23, но во вториот период Летонците одговорија на уште посилен начин. Четвртината ја добија со 32:17 и на полувремето заминаа со предност од 55:51.
 
Летонците имаа катастрофално влегување во второто полувреме, во третиот период постигнаа само 11 поени, тоа се покажа и како клучна четвртина. Словенците ја добија со 25:11, а во последните 10 минути успеаа да го сочуваат водството и на крајот да слават со 103:97.
 
Најефикасен во составот на Словенија беше Дончиќ со 27 поени, Драгиќ постигна еден помалку. Кај Летонците најдобар беше Порзингис со 34 поени.
 
Словенија во полуфиналето ќе игра против Шпанија која беше подобра од Германија со 84:72.
 
Утре се играат преостанатите две полуфинални двојки Грција - Русија, Италија - Србија.

Промовирање на родителското отсуство и за таткото на детето кое како опција постои во Законот за работните односи, но само ако не го користи работничката.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе

Зоран Заев од позиција на премиер удира во самите темели на асномска, антифашистичка Македонија.

повеќе