ГО СПОРЕДУВААТ СО ДРАЖЕН ПЕТРОВИЌ

Словенија има кошаркарски дијамант: Блескавата партија на Дончиќ против Летонија (ВИДЕО)

18-годишниот Лука Дончиќ имаше фантастична партија против Летонија со која го потврди неверојатниот талент кој го поседува. 

Го споредуваат со Дражен Петровиќ, велат дека е најголем талент на кошарката во моментов, а тој вчера го потврди тоа.
 
Од 1981 година само Арвидас Сабонис во 1983 како тинејџер успеал да постигне повеќе поени од Дончиќ, но Литванецот имал една година повеќе од 18-годишниот словенечки кошаркар.
 
Дончиќ синоќа постигна 27 поени, имаше девет скока и една асистенција, беше клучен во победата на Словенија од 103:97 над Летонија за пласман во полуфиналето.
 

Премиерот имаше добра прилика во највисокиот светски политички форум, поексплицитно да ги образложи причините за спорот за името.

повеќе

Сферата на локалните јавни финансии претставува многу погодно поле за соработка на локалната власт со приватниот сектор.

повеќе

Драги пратеници, помислете добро пред да притиснете копче за двојазична Македонија.

повеќе