Непрофесионален однос кон дресот со државниот грб

Словенците пред поразот од Полска се пијанчеле до пет часот наутро

Репрезентацијата на Словенија на Евробаскетот беше бранител на трофејот и еден од главните фаворити за пехарот, но изненадувачки доживеа елиминација од Полска во четвртфиналето. 

Специјализираниот портал за кошарка од Босна и Херцеговина, „бхббаскет“ открива што се случувало со селекцијата на Словенија пред мечот со Полска.
 
Од извори од Берлин, тие дознаваат дека словенечките репрезентативци ноќта пред мечот со Полска ја поминале во незаборавна забава со многу алкохол која траела до пет часот изутрина.
 
Мамурни по големото количество на испиен алкохол, Словенците излегоа на мегдан со мотивираната Полска и доживеаа шокантен пораз.
 
Тие вината ја префрлија на судиите, сокривајќи што се случувало на 15 часа пред почетокот на важниот натпревар.
 
Полска убедливо загуби во полуфиналето и во битката за третото место, што укажува на тоа дека Словенците доколку во мечот влегле професионално, сигурно лесно ќе ги минеле Полјаците.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе