Наптреварот беше неизвесен во првото полувреме кое заврши со нерешени 37:37, но во третата четвртина следуваше голем пад на македонскиот тим кој беше пресуден за поразот.
Третиот дел МЗТ Скопје го загуби со дури 13 разлика, 25:12 и на крајот Слобода го доби мечот со 81:70.
Гравет со 24 поени беше најдбар кај МЗТ Скопје, Олуџоби постигна 19.
Во последниот меч од турнирот во Бања Лука, МЗТ Скопје игра против лидерот на табелата, Студентски центар.