Мундобаскет 2019

Скола блескаше одново, Аргентина ја надигра Франција за прво финале по 17 години

Бајката на Аргентина продолжува, „гаучосите" попладнево ја своладаа Фрацнија со 80-66 и обезбеди прво финале на Светско првенство по 2002.

Аргентина приреди уште едно изненадување во Кина, на крилјата на 39 годишниот Луис Скола, денеска беше совладана Франција во полуфиналето. Па „гаучосите“ по 17 години одново ќе се борат за злато на Мундобаскетот и ќе ги одмеат силите со Шпанија во недела.

Избраниците на Ернандез им одржаа лекција на „триколорите“, Франција денеска водеше само во два наврати, по почетните 0-2, имаше и предност од еден поен на стартот од вторите десет минути (23-24).

Во останатиот период од мечот, Аргентина беше таа која диктираше темпо и го контролираше резултатот благодарејќи на ветеранот Луис Скола. 39 годишниот кошаркар на Шангај Шаркс мечот го заврши со дабл-дабл учинок и 28 поени и 13 скокови.

Нападот на Франција не функционираше, главните играчи беа тивки, па поразот беше неизбежен. Де Коло постигна само 11 поени а Руди Гобер скромни 3 поени.

На крајот резултатот на семафорот гласеше 80-66 за продолжување на бајката на Аргентинците, кои последен пат играа финале на Светско првенство во 2002.

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе