Куп на Македонија

Сѐ е подготвено за кошаркарскиот куп на Македонија

Од петок до недела Гевгелија ќе биде домаќин на кошаркарскиот куп на Македонија, по тој повод денеска во комплексот Негорски Бањи се одржа прес конференција како најава за големиот настан.

МЗТ Скопје го брани трофејот, останатите го напаѓаат, следниот викенд во Гевгелија се очекува интересен куп турнир во кој неколку екипи имаат високи амбиции.
 
„Благодарност од мое име и од Гевгелија што сме почестени да се одржи Купот. Знам со сигурност дека ќе биде одлично. Два клуба имаме во Првата лига, единствен град што го има тоа. Верувам дека салата ќе биде исполнета до последното место. Посакувам локално финале Блокотехна - Кожув. Но, пред се, посакувам фер-плеј и добра кошаркарска атмосфера“, изјави Сашко Поцков, градоначаник на Општина Гевгелија која им дава поддршка на организаторите на турнирот Кожув и Блокотехна.
 
„Одлучивме Купот да се игра во град кадешто има два клуба од Првата лига и воедно има и одлични услови. Кожув и Блокотехна ги презедоа сите обврски да се организира овој голем настан. Сите кои сакаат кошарка се добредојдени да присуствуваат на овој настан, со ова се мисли и на навивачите. Дека Гевгелија може да организира меч со две навивачки групи, се покажа на мечот со Косово на кој Македонија беше домаќин. Не гледам зошто да не се повтори истото сега. Кошарката се игра за навивачите, не се игра ниту за МКФ, за Градоначалниците, за тренерите, или други. Ако не сме спремни да ја рашириме магијата на кошарката до сите луѓе и до навивачите, тогаш за нас тоа е како пораз“, изјави спортскиот директор на МКФ, Владимир Темелковски.
 
МЗТ Скопје ќе ја има улогата на бранител на трофејот, тие во четвртфиналето играат против Кожув, а во полуфиналето може да се сретнат со вечниот ривал Работнички.
 
„Ние како МЗТ имаме обврска да победуваме на секој меч. Но, сите екипи кои се најдоа тука се квалитетни. Би сакал да побарам една добра игра од мојот тим, па нека победи подобриот. Што се однесува до распоредот и полуфиналето, Работнички е далеку, за да се стигне треба да го поминеме Кожув кој е домаќин и се засилија. Првата пречка е Кожув. Не жалиме што евентуално „вечно дерби“ е во полуфинале, за да победиш мора да ги победиш сите. За нас нема никакво значење“, изјави тренерот на МЗТ Скопје, Ѓорѓи Кочов.
 
„Купот е чудно натпреварување, многу зависи од мотивот на играчите. Ќе се соочиме со тим кој има доста промени, нов тренер и нови играчи. Ние ќе почнеме како што знаеме, па ќе видиме што ќе биде“, вели Дамјан Стојановски.
 
Работнички е еден од тимовите кои ќе атакуваат на трофејот, нивниот прв дуел е со Куманово.
 
„Куманово покажа дека е незгоден противник, играат агресивна кошарка и е тим составен од младост и искуство. Овој натпревар се игра на неутрален терен, шансите се 50/50 за полуфинале. Мора да покажеме респект. Работнички има проблеми со повредите, еден од најдобрите играчи Кире Николовски нема да игра поради повреда, исто и Ѓорѓи Чековски, кој се врати по долгомесечна пауза. Но, Работнички како шампион во лигата има обврска да го даде најдоброто од себе на овој Куп“, изјави помошникот тренер на Работнички, Игор Михајловски.
 
КУП на РМ распоред
Ден 1. (15. февруари, 2019 година ПЕТОК)
13:00 Блокотехна – АВ Охрид (четвртфинале 1) (пренос на МОК ТВ)
15:15 Работнички - Куманово 2009 (четвртфинале 2) (пренос на МОК ТВ)
17:30 МЗТ Скопје Аеродром – Кожув (четвртфинале 3) (МРТ)
20:00 Гостивар – Фени Индустри (четвртфинале 4) (МРТ)
 
Ден 2. (16. февруари, 2019 година САБОТА)
Блокотехна НБ 12:00 Бадел 1862 – Струга 2009 (натпревар 1) (пренос на МОК ТВ)
Блокотехна НБ 14:15 Вардар – Работнички (натпревар 2) (пренос на МОК ТВ)
17:30 Полуфинале МАЖИ 1(победник четвртфинале 1 – победник четвртфинале 4) (МРТ)
20:00 Полуфинале МАЖИ 2(победник четвртфинале 2 – победник четвртфинале 3) (МРТ)
 
Ден 3. (17. февруари, 2019 година НЕДЕЛА)
14:30 Финале ЖЕНИ (победник натпревар 1 – победник натпревар 2) (МРТ Собраниски)
17:30 Финале МАЖИ (победник полуфинале 1 – победник полуфинале 2) (МРТ)
 
 

Со потпишувањето на Преспанскиот договор се чинеше дека се отстрани единствената пречка за македонската интеграција во ЕУ и НАТО.

повеќе

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе