МЗТ Скопје

Синот на Пеце Наумоски потпиша за МЗТ Скопје

17-годишниот Михаил Наумоски кој важи за голем талент, стави потпис на две ипол годишен договор со МЗТ Скопје. 

Талентираниот Михаил сезонава ќе ја доигра во дресот на МЗТ Скопје УНИ Банка а потоа ќе се префрли во првиот тим.
 
„Екипата на МЗТ Скопје Аеродром продолжува со напорите да ги има во своите редови најталентираните македонски кошаркари во моментов, поради што денеска беше потпишан две ипол годишен договор со Михаил Наумоски (17 год, 205 см), кој во нашиот клуб доаѓа од белградска Црвена Звезда. Станува збор за крилен кошаркар, кој без проблеми ги „покрива“ позициите три и четири и кој е досега има играно уште за Вардар и за турски Галатасарај. Михаил е помладиот син на легендарниот македонски репрезентативец Петар Наумоски, кој при крајот на кариерата одигра една полусезона и тоа пред точно десет години“, се вели во соопштението на МЗТ Скопје.
 
Наумоски вели дека со нетрпение чека да почне да игра за МЗТ Скопје.
 
„Со нетрпение очекувам да се завршат сите формалности околу договорот, за да може што поскоро да го облечам дресот на МЗТ Скопје. Ќе дадам сѐ од себе да ја оправдам дадената шанса и да го пренесам знаењето и искуство добиено со тренирањето и играњето во Ц. Звезда и во Галатасарај“, вели Наумоски за клупскиот сајт.

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе