Мундобаскет 2019

Сигурен триумф на САД против Грција, Франција подобра од Литванија

Американците запишаа уште една победа на Мундобаскетот во Кина, овој пат ја совладаа Грција со 69:53, далеку понеизвесен беше мечот меѓу Франција и Литванија кој го добија Французите со 78:75.

Се очекуваше дека Грција ќе му даде поголем отпор на САД, но тоа не се случи. Американците го неутрализираа Јанис Адетокумбо и лесно го совладаа нашиот јужен сосед.
 
САД водеше во текот на целиот меч, рано ја откажа Грција од надеж дека може да направи изненадување. Најефикасен во американскиот состав беше Кемба Вокер со 15 поени, Мичел постигна десет. Во составот на Грција, Адетокумбо постигна 15, Слукас 13.
 
Многу поинтересен беше мечот меѓу Франција и Литванија кој им припадна на Французите со 78:75. 
 
Франција со предност од 11 разлика влезе во последната четвртина, но малку фалеше да ја пропушти. Литванија дојде до израмнување, 74:74, но Французите беа поснаодливи во финишот и на крајот дојдоа до победата.
 
Најголемото изненадување денеска го направи Чешка која со 93:71 го победи Бразил, Австралија со 82:76 беше подобра од Доминиканска република.
 

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе