Мундобаскет 2019

Шпанија ја спушти Србија на земја победувајќи ја со двоцифрена разлика

Србија играше моќно на Светското првенство во Кина се до денешниот дуел против Шпанија која победи со 81:69.

Србија ја почувствува горчината на поразот на Мундобаскетот иако на крајот тоа не мора ништо да значи.
 
Србите во денешниот меч влегоа одлично, ја добија првата четвртина со 20:13 и потоа следуваше несфатлив пад. Веќе на полувремето губеа со осум поени разлика 37:45. Шпанија го контролираше мечот, имаше и највисоки 21 поен разлика во третиот период, на крајот победи со 81:69.
 
Расположен за игра во составот на Србија беше само Богдан Богдановиќ кој постигна 26 поени. Интересно Јокиќ играше само 16тина минути, а Бобан Маријановиќ само минута и пол. Кај Шпанија најефикасен беше Рики Рубио со 19 поени, Клавер постигна 14.
 
Во другите дуели денеска Италија се врати од 26 негатива и по продолжение го победи Порторико со 94:89. Rusija so 69:60 ја совлада Венецуела, Аргентина со 91:65 ja прегази Полска.
 
Во четвртфиналето Србија ќе игра против Аргентина, Шпанија ќе се сретне со Полска.
 
Останатите две четвртфинални двојки ќе ги дознаеме утре кога ќе биде комплетирана главната фаза.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе