Мундобаскет 2019

Шпанија е вториот полуфиналист на Светското првенство, Полска немаше сили за изненадудвање

Шпанија ја оправда улогата на фаворит, ја победи Полска со 90:78 и се пласираше во полуфиналето на Светското кошаркарско првенство во Кина.

Полска пружи достоен отпор, но немаше сили да направи изненадување, Шпанија водеше од самиот старт, ја имаше контролата на мечот и на крајот заслужено се израдува на пласман во следната рунда.
 
Рики Рубио со 19 поени беше предводникот на Шпанија во оваа победи, Вили Хернангомез даде 18. Во составот на Полска, Слотер постигна 19 поени.
 
Во полуфиналето Шпанија ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Австралија и Чешка.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе