НБА

Шоу на Дончиќ за убедлива победа на Далас над Клиперс (ВИДЕО)

Лука Дончиќ со 42 поени го предводеше Далас до победа над Лос Анџелес Клиперс со 105:89, одличен меч за Бруклин имаше и Харден кој оствари трипл-дабл со 40 поени за триумф над Индијана од 124:115. 

Далас ја загуби првата четвртина, но потоа Дончиќ ги зема работите во свои раце и на крајот му донесе убедлива победа на својот тим од 16 поени разлика.
 
 
Лука Дончиќ постигна 42 поени, имаше и девет асистенции, втор најдобар играч на Далас беше Хардавеј со 15 поени. Во составот на Клиперс, Пол Џорџ реализираше 28 поени, Ленард 20.
 
 
Џејмс Харден беше единствениот од трите големи ѕвезди на Бруклин кој настапи синоќа, Дурент од поодамна е во аут поради повреда, а не настапи и Ирвинг. 
 
Харден имаше фантастичен меч за Бруклин, постигна трипл-дабл со 40 поени, 15 асистенции и 10 скокови. Неговиот тим оствари триумф со 124-115. 
 
 
Резултати: 
 
Детроит - Торонто 116:112
Индијана - Бруклин 115:124
Филаделфија - Милвоки 105:109
Вашингтон - Сакраменто 119:121
Чикаго - Сан Антонио 99:106
Кливленд - Бостон 117:110
Хјустон - Голден стејт 94:108
Денвер - Шарлот 129:104
Мемфис - Мајами 89:85
Далас - ЛА Клиперс 105:89

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе