Почна новата НБА сезона

Шампионот тргна со победа над Бруклин, Лејкерс загуби од Голден стејт (ВИДЕО)

Актуелниот НБА шампион, Милвоки со 127-104 го победи Бруклин на отворањето на новата сезона, Лос Анџелес Лејкерс на свој терен загуби од Голден стејт со 121-114. 

Шампионот тргна моќно во новата сезона, Милвоки одигра убедлив натпревар и дојде до лесна победа над Бруклин. Домаќините водеа во текот на целиот меч, а разликата од 23 која беше на крајот беше и најголемото водство.
 
Адетокумбо со 32 поени, 14 скока и 7 асистенции беше најдобар на теренот, во составот на Бруклин 32 поени постигна Дурент, имаше и 11 скока, Харден реализираше 20.
 
 
Лос Анџелес Лејкерс лошо отвори, со пораз од Голден стејт на свој терен. Имаа водство, но го загубија во последната четвртина која Кари и соиграчите ја добија со 38-29, го свртеа мечот и на крајот победија со 121-114.
 
Леброн Џејмс и Ентони Дејвис беа на висина на задачата, имаа одлични партии, но остатокот од тимот потфрли. Леброн постигна 34 поени, имаше и 11 скокови, Дејвис исто така имаше 11 скокови, постигна 33 поени, но следниот најефикасен кај Лејкерс беше Кармело Ентони со само 9 поени, Вестбрук постигна 8. Во составот на Голдеј стејт, Стеф Кари имаше трипл-дабл учинок со 21 поен, 10 скокови и 10 асистенции.
 
 
Резултати:
 
Милвоки - Бруклин 127:104
ЛА Лејкерс - Голден стејт 114:121

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе