НБА

Шампионот не се дава, Торонто се избори за мајсторка со Бостон (ВИДЕО)

Торонто по две продолженија го победи Бостон со 125:122 и израмни на 3-3 во полуфиналната серија на истокот, ЛА Клиперс поведе со 3-1 против Денвер откако славеше со 96:85. 

Торонто и Бостон одиграа возбудлив шести меч кој го доби шампионот. Репторс беа на чекор до победа и во регуларниот тек, пред крајот имаа водство од 96:91, но Селтикс направија серија од 7-2 и се изборија за продолженија. 
 
Немаше победник ни по првото продолжение, беше 106:106, па се играа нови пет минути во кои Торонто конечно победи со 123:119 и изедначи на 3-3.
 
Лаури со 33 поени и осум скока беше предводникот на Торонто во победата, кај Бостон најдобар беше Браун со 31 поен и 16 скокови, Тејтум имаше 29 поени и 14 скокови.
 
 
Денвер и Јокиќ беа немоќни против фаворитот Лос Анџелес Клиперс. Клиповите победија со 96:85 и дојдоа на триумф до пласманот во конференциското финале.
 
Ленард со 30 поени, 11 скокови и девет асистенции беше најдобар во составот на Клиперс. Јокиќ постигна 26 поени и 11 скокови за Денвер.
 
 
Резултати:
 
Бостон - Торнто 122:125 (3-3)
Денвер - ЛА Клиперс 85:96 (1-3)

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе