АБА 2 лига, завршен турнир

Сè е подготвено за кошаркарски спектакл, МЗТ Скопје цели кон враќање во најдобрата АБА лига

Од утре па до недела во СЦ „Јане Сандански“ ќе се одржи завршниот турнир во АБА 2 лигата, целта на МЗТ Скопје е враќање во јадранската елита. 

Фото: МЗТ Скопје
МЗТ Скопје во престојните денови ќе биде домаќин на најдобрите осум екипи од АБА 2 лигата. Победникот од турнирот ќе добие место во Првата АБА лига, а финалистот ќе игра бараж за пласман во елитата.
 
„Огромно е задоволството да се биде организатор на завршниот турнир од АБА2, кој е одлична можност нашиот МЗТ Скопје како и општина Аеродром да се покажат како добри домаќини. Овој турнир е од хуманитарна природа, средствата од продадените билети ќе бидат наменети за фондацијата ‘Марко Божиновски’ која потоа ќе ги пренамени на тие што им се потребни. Очекувам одлична спортска атмосфера и полни трибини. Благодарност за помошта на Град Скопје и АБА 2-лига, која ни ја довери организацијата. Како човек кој израснал со МЗТ Скопје Аеродром најискрено се надевам на финале во недела и пласман на нашиот клуб во АБА 1“, изјави градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски.
 
На присутните новинари им се обрати и спортскиот директор на АБА2, Милија Војиновиќ.
 
„Не погрешивме што му ја доделивме организација на МЗТ Скопје Аеродром, кој е еден од нашите најредовни учесници во АБА 1 и АБА 2 лигата. МЗТ беше прв по регуларниот дел. Од утре почнува круната на сезона, ќе се знае кој ќе оди директно во АБА 1, а кој ќе игра бараж. Се одиграа 98 меча во регуларниот дел, а сега се се сведува на овие седум меча“, изјави Војновиќ.
 
Во име на македонскиот шампион говореше извршниот директор Филип Ѓоревски, кој посака празник на кошарката во спортскиот храм во скопската општина.
 
„Сакам да ги поканам гледачите, во наредните четири дена да биде празник за кошарката. Со малку среќа, се надевам МЗТ Скопје Аеродром ќе биде победник и сите ќе го прославиме враќањето на клубот во елитната АБА лига“, изјави Ѓоревски.
 
МЗТ Скопје Аеродром во четвртфиналето ќе ги одмери силите против Сутјеска (18 часот). Останатите двојки се Широки Бријег – Спарс Сараево (21 часот), Хелиос – Златибор (15 часот) и Борац Бања Лука – Младост Земун (12 часот). Полуфиналните средби се играат в петок, а со евентуална утрешна победа ќе ги одмериме силите со подобриот од пресметката помеѓу Широки и Спарс.
 
Се подготвува спектакл, со танчерки на тајмаутите и на полувремињата, музички нумери, анимирање на публиката и натпреварувања во шутирање по кои ќе се добијат подароци од спонзорите. За в петок е планирана и забава на платото пред „Јане Сандански“ во пресрет на полуфиналниоте средби, што потоа ќе функционира како фан-зона и простор за забава и уживање на сите што ќе дојдат до спортскиот центар во Аеродром. Билетите се веќе во продажба по цена од 100 денари по меч, односно 300 денари за цел турнир, а може да се купат преку продажните места и интернет-сајтот на МК Тикетс, како и на билетарата пред салата во периодот помеѓу 12 и 19 часот.

Легенда под Главна слика

Фото: МЗТ Скопје

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе