НБА

Сан Антонио убедлив против Торонто (ВИДЕО)

Сан Антонио со 110:82 славеше убедлив триумф против Торонто, Лејкерс со 116:102 го совладаа тимот на Мемфис Гризлис.

Сан Антонио со 28 поени разлика му одржа лекција на Торонто. Домаќините во ниту еден момент не му дадоа на противникот да се понадева на добар резултат.
 
Уште на полувремето Сан Антонио имаше предност од 60:41, до крајот на мечот успеаа да ја зголемат на 110:82.
 
Лидер во победата беше Леонард со 25 поени, Алдриџ постигна 23, кај Торонто Де Розан имаше 26 коша.
 
Лејкерси со одлична тимска игра го совладаа Мемфис Гризлиз со 116:102. Јанг постигна 20 поени, Рандл 19, Расел 18.
 
 
Резултати:
 
Филаделфија - Минесота 93:91
Бостон - Јута 115:104
Детроит - Индијана 116:121
Далас - Вашингтон 113:105
Сан Антонио - Торонто 110:82
Денвер - Сакраменто 113:120
Феникс - Мајами 99:90
ЛА Лејкерс - Мемфис 116:102

Без оглед дали сте поддржувач или противник на претходната власт, не можете да оспорите дека таа постави сосема нови стандарди во поглед на мерките, напорите и вложувањата за да се привлечат странски инвестиции, за наши услови. 

повеќе

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе