Мундобаскет 2019

САД ја одигра најлошата четвртина во историјата, Србија слави против Американците по 17 години

Србија ја доби пресметката со САД во разигрување за пласман од 5. до 8. место на Светското првенство, „орлите" отворија со одлична прва четвртина но на крајот тесно славеа со 94-89.

Србија и САД се сретнаа на Мундобаскетот, но не во финалето како што многумина очекуваа. Фаворитите за златото денеска играа во разигрување за пласман од 5. до 8. место.

„Орлите“ одлично го отворија мечот воведните 10 минути ги добија со високи 32-7, и ова значеше дека САД ја забележа најлошата четвртина во своите настапи на Светските првенства.

Сепак, избраниците на Попович не се предадоа, го подигнаа нивото на игра во втората четвртина и на пауза заминаа со негатива од само четири поени (44-40).

Во продолжението од мечот имаше голема борба, Србија одново се врати во доцифрена предност, но САД брзо одговараше и резултатот остануваше неизвесен.

Сепак, Американците го немаа оној клучен исчекор да го однесат натпреварот во егал или да дојдат до ново водство по она првото од 2-0, па Србија на крајот триумфираше со 94-89 за прва победа над САД по 2002 и мала утеха по разочарувачкиот пораз од Аргентина.

Богдан Богдановиќ беше прв играч на мечот со 28 поени и дури седум тројки. Во редовите на САД најдобар поединец беше Харисон Барнс со 22 поени.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе