ЕВРОБАСКЕТ 2017

Русија се врати од -13 и ја победи Грција за полуфинале на Евробаскетот

Со одлична игра во последната четвртина Русија направи пресврт во дуелот со Грција, победи со 74:69 и се пласираше меѓу најдобрите четири на Европското првенство. 

Русија е третиот полуфиналист на Евробаскетот откако во неизвесен меч успеа да ја добие пресметката со Грција.
 
Грците одлично влегоа во натпреварот и ја добија првата четвртина со 24:17, на полувремето заминаа со предност од 37:31, но нивното водство почна да се топи во второто полувреме.
 
Русија заигра многу подобро особено во последниот период кој го доби со 23:16 и на крајот дојде до триумф од 74:69.
 
Предводник во победата на Русија беше Швед кој имаше уште една одлична партија постигнувајќи 26 поени, Мозгов реализраше 15. Во составот на Грција Калатес постигна 25.
 
Русија во полуфиналето го чека подобриот од дуелот помеѓу Србија и Италија.

Еден проблем кај Трамп е тоа што му е опсесија да изгледа „силен".

повеќе

Меѓу најпосетените места во градот сѐ уште на прво место и меѓу главните мотиви поради кои доаѓаат туристите во Крушево е вечното почивалиште на Тоше Проески, спомен куќата изградена во чест на него, Манастирот Св. Преображение и многу други.

повеќе

„Москва се труди да протурка слика за себе како благонаклонет партнер и заштитник на сувереноста и на православното христијанство антитеза на Западот што 'цело време се меша таму кај што не му е местото'.

повеќе