НБА

Рекордни 60 поени за Таунс, Јокиќ го доби дуелот со Ембид (ВИДЕО)

Карл Ентони Таунс постигна неверојатни 60 поени во победата на Минесота над Сан Антонио од 149-139, Денвер со 114-110 го доби дуелот со Филаделфија. 

Сан Антонио и Минесота одиграа исклучително ефикасен натпревар и тоа без продолжение. Гостите победија со 139-149.
 
Насловите ги собра ѕвездата на Минесота, Таунс кој имаше неверојатна партија. Тој постигна 60 поени, најмногу од било кој оваа сезона, тоа е и негов личен рекорд, но и рекорд на Минесота. Дури 32 од поените ги постигна во третата четвртина. А покрај тие 60 поени, имаше и 17 скокови.
 
 
Интересен беше и дуелот меѓу Филаделфија и Денвер каде што се сретнаа кандидатите за МВП, Ембид и Јокиќ. Денвер со одлична последна четвртина дојдоа до победата од 110-114.
 
Ембид со 34 поени беше најдобар стрелец, Харден постигна 24, имаше и 11 асистенции, му фалеше само еден скок за трипл-дабл. Најдобар кај денвер беше Никола Јокиќ со 22 поени, 13 скокови и осум асистенции.
 
 
Резултати:
 
Кливленд - ЛА Анџелес 120:111
Атланта - Портланд 122:113
Филаделфија - Денвер 110:114
Оклахома - Шарлот 116:134
Сан Антонио - Минесота 139:149
Голден стејт - Вашингтон 126:112
Сакраменто - Чикаго 112:103
Јута - Милвоки 111:117
ЛА Лејкерс - Торонто 103:114

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе